Од јавното претпријатие за комунална дејност Дебрца, фи информираат жителите на селата Оровник, Подмолје ,Горенци и Требеништа, дека поради дефект на главната водоводна мрежа, денес, како и за време на утринските часови утре, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Се работи на отстранување на дефектот и се очекува дека во текот на утрешниот ден, во попладневните часови, истиот да биде саниран.
Во меѓувреме, се молат жителите на наведените села за разумно користење на вода.
OhridNews