Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“, денес од 11:00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на следните улици: „Гоце Делчев“, дел од „Бистрица“, „Вардар“, „Андон Дуков“, „Кирил и Методиј“, „Пирин Планина“ дел од „Стив Наумов“, дел од „Аџи Мустафа“, дел од „Ариф Мустафа“ и „Пере Тошев“.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работаат се до отстранување на дефектот.