Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Крали Марко“, „Абас Емин“ вклучувајќи ги и споредните улици на улицата „Абас Емин“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews