Во раните утрински часови повторно е настанат дефект односно пукната е истата цевка со профил ф300 мм на улицата „Кленоец”, информираат од ЈП Водовод Охрид.
И денес од 09:00 часот, без вода се корисниците во населбата Црногорци. Екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен, до завршување со санацијата, велат од претпријатието.
Прекин во водоснабдувањето имаше и во текот на вчершаниот ден во населба Црногорци поради дефект на истата цевка.
OhridNews