Поради дефект на системот за водоснабдување во населбата Лагадин, без вода за пиење од вчера попладне се населените места и туристички комплекси на потегот од хотел „Метропол“ до Пештани.


Населбата Лагадин

Како што ни изјави техничкиот директор на Водовод – Охрид  Сашо Сотироски, екипите на јавното претпријатие кои непрекинато работат на терен, утрово успеале да го отстранат дефектот, но при повторно пуштање на вода во системот, се случил нов дефект на цевка од 315 милиметри, поради што се уште не е нормализирано водоснабдувањето на овој дел од источното крајбрежје каде има повеќе хотели и приватни сместувачки капацитети.

Сотироски истакна дека новиот дефект се отстранува и дека се очекува туристите и жителите во наслебите на потегот од х. Метропол до Пештани да добијат вода за пиење до 13.30 часот.

OhridNews