Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф450мм) на улицата „Јордан Мијалков“, денес од 08:30 часот со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Видобишта, дел од с.Лескоец и високата зона на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews