Според известувањето на Проаква поради дефект  на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето до 16 часот денеска ќе имаат жителите од улиците Стив Наумов, Гоце Делчев,Пере Тошев, Петар Поп Арсов и Пирин Планина, а во горната зона на стариот дел на градот ќе се почуствува слаб притисок .

Како што информираше „Ohridnews“, синоќа околу 21 часот се случи голем дефект на водоводната мрежа кај ОУ „Братство и Единство“ во Лескајца, поради што поплавени беа повеќе дворови.

Екипите на МЈП-Проаква се на терен и работат на отстранување на настанатиот дефект.

 

Ohridnews