Поради дефект на главната водоводна линија кој настанал во поплладневните часови прекин во снабдувањето со вода има на улиците 15-ти Корпус, Живко Чинго и Александар Турунџе.
Екипите на МЈП-Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот, но поради тежината на дефектот ќе се работи и во текот на ноќта, информираат од јавното претпријатие. Оттаму се надеваат дека во петок до 12 часот дефектот ќе биде отстранет и ќе се нормализира водоснабдувањето на овие улици.