Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 15:30 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци, с.Лескоец и с.Лакочереј, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Додаваат дека екипи на претпријатието се на терен, до завршување со санацијата.
OhridNews