Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 13:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Додаваат дека екипи на претпријатиетто се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews