Луис Томас (19) од Стокпорт во Велика Британија веќе седумнаесет години боледува од трихотиломанија, пореметување поради кое си ја кубе косата, трепките и веѓите. Британските хирурзи во четиричасовна операција и пресадиле влакна од задната страна на главата на местото каде се наоѓале трепките.
Операцијата чинела околу 3000 евра, а Луис е пресреќна од резултатите. Бидејќи боледува од трихотиломанија се помирила со фактот дека никогаш нема да има вистински трепки. Кога слушнала за овој третман помислила дека е предобро за да биде вистинито.