Улицата „Пере Тошев“ во населбата Лескајца која со години се дави во прашина и кал заради раскопаниот коловоз деновиве се разубавува. Во тек се градежни работи за поставување тротоари на улицата. Материјалите и градежната механизација деновиве интензивно работи на терен, а жителите се надеваат дека локалната ќе го поправи и коловозот, затоа што како што велат: „џабе убав тротоар кога ги искршивме колите“.


“Порабена“ улицата „Пере Тошев“

Ohridnews