Брендот „Десигуал“ започнал необична промотивна акција во своите продавници во Берлин. Имено, купувачите кои во бутиците влегле само по долна облека на подарок добиле по две парчиња облека по сопствен избор. Познатиот шпански бренд „Десигуал“, прочуен по своите шарени креации, омал необична распродажба.
Нивните продавници биле полни со луѓе кои носеле само долна облека, бидејќи првите 100 најхрабри добиле можност да добијат бесплатно по две парчиња облека по сопствен избор. Останатите добиле огромен попуст на она што го купувале. Инаку, производите во овие бутици во просек чинат по 80 евра.