Деновиве беше забележливо испуштање на непречистени води во Охридското Езеро и во центарот на градот, каде често има проблеми со пумпите од канализационата мрежа. За тоа сведочат и фотографиите што пред неколку денови ги снимиле граѓани на просторот кај поранешната библиотека.


Поради преоптовареност во изминатите два до три месеци во стариот дел на Охрид  регистрирани се повеќе откажувања на пумпите, а досегашната штета се проценува на 60 илјади евра. Големи штети трпи и Колекторот кој поради зголемениот водостој на Охридското Езеро не е во состојба да го пречистува целосно отпадните води. Вкупната штета на Колекторот се проценува на околу еден милион евра, но далеку поголема е штетата која во ваква состојба ја трпи екосистемот.

OhridNews