Популарниот пар хомосексуални пингвини од американската зоолошка градина во Сан Франциско не се повеќе заедно. Мажјаците Хери и Пепер биле заедно пет години. Посвоиле младенче во 2008 година.


Врската паднала на испитот со доаѓањето на женката Линда која го завела Хери откако умрел нејзиниот долгогодишен партнер. Пепер тоа лошо го прифатил и станал насилен. По големата тепачка чуварите морале да го разделат триото. Сега Хери и Линда се заедно и добиле младенчиња.