Британскиот златар Сидни Мобел направил плоча за популарната друштвена игра монопол од 23-каратно злато. Во секоја од куќичките за играта вградил по еден рубин, додека пак во хотелите вградил сафири.
Наместо точките кои ги означуваат броевите на коцките ставил 42 дијаманти. Плочата ја направил 1989 година, а на неа играл само еднаш со поранешниот британски премиер Едвард Хит. Монополот ќе биде изложен во една галерија во Њу Јорк.