Популарната друштвена игра Буле/Бочење/Петањ од денес рекреативците и туристите ќе може да ја играат на терените при СРЦ Билјанини извори.  Играта е  традиционална за медитеранските и скандинавските држави и  ја играат претежно пензионерите. Први кои почнаа да ги користат терените се група шведски туристи.

Терените се наоѓаат во близина на тениските игралишта, токму и тоа се бараше во близина да има хотел, ги исполнивме условите кои ги бараа туристите и се гледа дека тие се задоволни и си доаѓаат, вели директорката на  ЈП Билјанини извори Гордана Јованоска.

 

 

Терените во блиска иднина во соработка со туристичките оператори ќе почнат да ги користат цели групи  кои се љубители на спортот за кои ќе бидат организирани натпревари, а дополнително за туристите ќе бидат и организирани тури до најпосетуваните дестинации во градов и до руралните места.

 

К.А.