Випула Атукорале, еден од најдобрите готвачи на светот, прави фигури од путер. Направил Ролс Ројс, Пинокио и сцена од приказната Свирачот од Хамелина. Употребува цврст путер кој потешко се топи. За својот необичен талент освоил златен и сребрен медал минатата седмица во Лондон. Го воодушевил жирито со својот труд и трпение.
Додека работи, рацете ги лади со вода, бидејќи прстите му се топлат. Готовата фигура може да трае многу долго. Випула по потекло е од Шри Ланка, но работел како готвач во Грција, Ирак, Велика Британија и многу други земји. Уметникот моментално е невработен.