Зградата која била јавна куќа на тајванската војска ќе се реновира и ќе ја претворат во музеј. Сместена е во зидините на островот Кинмен, а ја затвориле на почетокот на деведесеттите години. Поранешниот бордел повторно го отвориле под името „Куќа на чајот“.


Намената на музејот е да им даде на луѓето полна слика за тоа како изгледал воениот рај во оваа земја. Во музејот се наоѓаат фотографии и плакати од времето кога борделот работел со полна пареа. Ќе бида изложени и влезници кои војниците морале да ги купат при посетата на борделот. За време на студената војна на Кинмен имало околу 100 илјади војници, а на островот имало вкупно 11 службени бордели.