По објавата за оштетувањето на муралот на големиот македонски ликовен уметник од Охрид Вангел Наумовски и реакциите од јавноста, поправена е штетата на овој урбан графит од големо значење како за Охрид, така и за државата.
Брзата реакција делумно го ублажува непромислениот гест на сторителите чие непромислено дело предизвика револт во јавноста.
Покрај муралот на Вангел Наумовски, деновиве во Охрид беа уништении и повеќе графити на навивачката група Рибари кои, како што е најавено, ќе бидат обновени.
Г.М.