По пауза од година и пол македонскиот интернационалец во редовите на премиерлигашот ВБА, Горан Попов се враќа во фудбалската селекција.

Левоногиот дефанзивец со сигурност ќе биде вистинско засилување по повлекувањето на Горан Пандев и двоумењето на Николче Новески за новиот селектор Бошко Ѓуровски.

– Прво мора да кажам дека навистина ми е мило што по повеќе од една година повторно сум со репрезентацијата. Тоа што се случи пред година и половина не треба да се спомнува. Разговарав со директорот на репрезентацијата Петар Милошевски и со селекторот Ѓуровски, надминувајќи се. Што било поминало, сега треба да се концентрираме најпрво на пријателските натпревари а потоа секој од нас да го даде максимумот во националниот дрес и да оствариме добри резултати во квалификациите за ЕП 2016 – рече Попов.

Тој по мечот со Хрватска на „Филип Втори“ заедно со Стевица Ристиќ имаше кавга со тогашниот селектор Чедомир Јаневски и беа суспендирани па отстраните од селекцијата.

Мх.П.