Попов во ВБА пристигна на почетокот од сезоната. Одигра 12 одлични натпревари и ги задоволи апетите на менаџерот Стив Кларк, но продолжување на договорот зависеше од двата клуба кои не најдоа заеднички јазик за обештетувањето.
Попов ќе се врати во Украина каде со екипата на Динамо Киев треба да ги започне подготовките за наредната сезона.