Стандардниот репрезентативец на Македонија, Горан Попов во летниот преоден рок беше поврзуван со трансфер во Стоук, но, наместо таму Попов на едногодишна позајмица завршри во редовите на ВБА.


– Не се гледам никаде освен во Премиер Лигата, моето место е тука и не мрдам никаде. Сакам да останам во Премиер Лигата и се ќе сторам да го направам тоа. Не сакам да се вратам во Динамо бидејќи ако сакав да играм таму немаше да се преселам тука – рече Попов.

Левиот бек на македонската репрезентација Попов по одличната адаптација и повредата на Риџвел одигра два мечеви за ВБА во Премиер Лигата. Избраниците на Кларк со Попов во составот прокнижија четири бодови.


– Без разлика на повредата од Риџвел, тука мораш да се бориш за местото во првиот состав. Ако за своето место во екипата немаш конкуренција тогаш никогаш нема да даваш максимум бидејќи знаеш дека твоето место загарантирано вака е друго и мораш повеќе да се трудиш – потенцираше Попов.

Екипата на ВБА несвојтсвено на последниот натпревар во Премиер Лигата прими два голови во триумфот над КПР со 3-2. Во досегашнио тек од шампионатот ВБА имаше примено пет голови во шест мечеви.

– Можам да ја подобрам дефанзивата на ВБА. Лесно е да примиш гол а многу потешко е да го сочуваш својот гол во целиот натпревар. Со добра дефанзива натпреварите многу полесно се добиваат особено во Премиер Лигата – заврши Попов.

По седум одиграни рудни ВБА со 14 бодови ја дели четвртата позиција со Евертон и Тотенхем и заостанува само еден од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Мх.П.