Холандија.
Најдобар тренер е Влатко Костов. ФК Ренова е најдобра екипа, а
репрезентативецот од тимот од Џепчиште , Бесарт Ибраими е најдобар
играч и стрелец за 2009г.
Најдобар странски фудбалер во РМ е Мирослав Милошевиќ од ФК
Хоризонт Турново.
Најдобар фудбалер во футсал е Жарко Наскоски од КМФ Железарец., додека КМФ Железарец е најдобар футсал клуб.
Најдобра кај дамите е Наташа Андонова од КМФ Велес, а најдобар клуб Тиквешанка.
Кристијан Наумовски од ФК Работнички е најдобар млад фудбалер, а најдобра екипа во младинските категории е Македонија ЃП.
Најдобар делител на правдата е Александар Ставрев од Скопје.
Трофејот за фер-плеј екипа патува за Кратово кај ФК Силекс.
Најдобар фудбалски работник е спонзорот на ФК Ренова, Шефки Идризи- сопственик на фирмата Ренова.
Посебни признанија од фудбалскиот спорт ќе им бидат доделени на градоначалникот на о.Аеродром, Ивица Коневски и Бранко Азески- претседател на Стопанската комора во РМ.