Македонскиот интернационалец во Премиер лигата, Горан Попов е избран за најдобар фудбалер за месец декември во екипата на ВБА.

Попов со одличните игри во месец декември ја оправда довербата од менаџерот Стив Кларк која ја добиваше пред Риџвел на левата бековска позиција.

ВБА со 33 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата во Премиер лигата, а во наредното коло гостува кај претпоследно пласираниот Ридинг.

Мх.П.