Стојан Попоски е победник на првиот натпревар во триатлон кој денска се одржа во Охрид. Попоски патекта долга 25,7 километри по вода и копно, ја помина за 1,01 ч. Втор на целта помина Душко Величковски , додека трет трката ја заврши Никола Кутаноски.
Временските услови не ги послужија маратонците, а водената стаза им создаваше дополнителни проблеми. Попоски е пријатно изненаден од условите за одржување на трката во Охрид.
– Воодушеен сум од Охрид и мислам дека во иднина Охрид може да биде домаќин и на натпреварувања од поголем ранг, балкански, европски – вели Попоски.
Попоски настапил на преку 40 европски и светски натпреварување, а бил во потесниот круг за изборување на настап на Олимпијадата но финасиите го оддалечиле од Пекинг. Тој се надева дека ќе успее да смногне сили и но и да прибере средства за учество на наредната Олимпијада во Лондон.
– Ж
ивотна желба ми е да настапам на Олимпијада, Лондон би дошол во предвид но потребно е далеку посерионза работа во федерацијата како и низа останати работи да се поколопат, кои не зависат од мене и мојот фантазиам – завршува Попоски.
По натрпеварот во Охрид државното првенстото во триатлон ќе заврши со трката во Дојран.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com