Македонија треба да биде подготвена за подолготрајна криза, бидејќи бројот на мигранти кои доаѓаат од територија на Грција не делува дека се намалува, изјави денеска во Охрид министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој истакна дека ниту една држава сама не може да се справи со напливот на мигрантит доколку Европа не изнајде заедничко решение за кризата со која се соочува. Посочувајќи дека бројот на мигранти кои од Грција влегуваат на територија на Македонија од 500 се искачил на 3000 дневно, Попоски, рече дека помошта која ја добива земјата од меѓународната заедница е симболична и оти главниот товар го носат домашните институции.
-Очигледно нашата ситуација е многу специфична бидејќи сме единствена граница на оваа рурта по која мигрантите доаѓаат од територија на ЕУ, односно земја членка на ЕУ во земја која не е член на ЕУ, сите други ситуации се обратни или помеѓу ЕУ и ЕУ или од не ЕУ во ЕУ земја членка. Се надеваме дека ЕУ ќе го земе предвид фактот дека Македонија е дел од рутатата на мигрантите и без разлика што не сме членка на унијата ќе има подеднаков третман. – рече Попоски.
Попоски вели дека Македонија ја нема затворено јужната граница, туку само е прогласена кризна состојба во таа зона, бидејќи голема број мигранти се потиснати од грчката страна кон македонската граница.
-Ние во секој случај ќе продолжиме со спроведување на тие луѓе без разлика што ќе одлучат дали ќе бидат баратели на азил или ќе го продолжат патувањето. Макесимални напори вложуваме за хуман третман, но едноставно физички е невозможно да се справите со толкав наплив на мигранти, а од другата страна имаме само решавање на краткорочните проблеми, односно преместување на мигрантите поблиску до македонскта граница. Истото понатаму ќе се случи на сите граници кои тие сакаат да ги поминат, прашање на време е само доколку немаме заедничко решение кое ќе ја вклучува и Европската комисија и затоа апелите се упатени кон неа.-рече Попоски.
Министерот за надворешни работи истакна дека државата е во интензивна комуникација со соседите, но и со Европаката унија и Обединетите нации, посочувајќи дека се ангажирани сите расположливи капацитети за справување со хуманитарната криза. Во врска со критиките од одредени меѓународни фактори за нехуман третман на мигрантите, Попоски истакна дека е лесно да се гледа само една димензија на проблемот.
-Македонија во континуитет има покажано колкав е нашиот хуман капацитет бидејќи сме земја која примила најмногу бегалци по глава на жител по завршувањето на Втората светска војна на европско тло. Во континуитет тоа го покажуваме тоа и максимални ресурски имаме алоцирано на решавање на овој проблем, но миалсм дека неопходно е во овој момент и од европска страна да има сеопфатно решение, без тоа нема да има разрешница на оваа хуманитарна криза.– дециден е Попоски.
Г.М.
Како изгледа бегалската криза на Македонско-грчката граница од небо