Бројот на учесници на првиот ракометен камп на најдобриот ракометар во Македонија, Кирил Лазаров е пополнет и надминат.


Ракометниот камп ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни, а учесниците ќе бидат сместени во хотелот „Аквалина“ каде ќе се одржуваат и тренинзите.

– Ова е прва година како го организираме кампот и за нас неочекувано интересот за истиот е многу голем. Тоа за нас како организатори претставува голема обрвска да истиот го организираме одговорно и квалитетно. За таа цел комплетно сме посветени на организација до самиот старт на кампот. Кампот е многу важен проект за мене лично и успешното организирање на истиот ќе биде мој осми трофеј оваа година. Од друга страна факт е дека ракометот е национален спорт во Македонија и мораме сите заедно да работиме на создавање база за иднината. – рече Лазаров за својата официјална страница.

На кампот гости ќе бидат ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров и Дејан Периќ, а за едукација ќе се погрижи искусен и стручен кадар.

Ohridnews