Бројот на ученици за наредната учебна 2024/2025 година за прво одделение е пополнет во централното училиште, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски”.

Во останатиот период од законски предвидениот рок за упис ќе се примаат само ученици во прво одделение кои законски припаѓаат во нашиот реон, велат од училиштето.

Додаваат дека во подрачното училиште во населба Далјан ќе се примаат ученици до пополнување на капацитетот на паралелката.

OhridNews