Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал за малку не останаа без луксузната вила во Англија и тоа поради елементарните непогоди. Поради зачестените врнежи дојде до излевање на реката Темза, која се наоѓа во близина на нивната прекрасна вила од 16 ијади квадратни метри. За среќа на познатиот пар, водата го поплави само дворот, па избегната е уште поголема штета која можеше да го уништи нивниот раскош.

 

Селската вила на Амал и Џорџ Клуни во Велика Британија е вредна 13 милиони евра, има своја кино сала, потполно нова куќичка покрај базен и огромна тераса од која има неверојатен поглед. Џорџ и Амал оваа раскошна вила од 17 век ја купија во октомври 2014 година, а веднаш по купувањето ја реновираа по сопствен вкус.