Најмалку 100 луѓе загинаа или се водат како исчезнати во поплавите на северот на Кина, соопшти кинеската влада. Најмалку 24 луѓе загинаа во провинциите Хебеи, која ги опфаќа Пекинг, Шанси и Хенан. Провинцијата Хабеи е најтешко погодена, каде се регистрирани 14 мртви, а 72 лица се водат за исчезнати. Евакурани се 123.000 луѓе од 11 градови во провинцијата, а повеќе од 7.000 куќи се уништени. Силните дождови, кои траат од понеделникот, предизвикаа хаос во инаку сушни области, вклучително и во Пекинг.
Само во првата половина од оваа година, 576 луѓе загинале или исчезнале во поплави во Кина. Дождот непрекинато паѓа во Пекинг од вторникот, а насипите долж реките во делови од Кина само што не се пробиени, поради што е мобилизирана војската за да ги зајакне бедемите. Десетици илјади луѓе се евакуирани од областите погодени од поплавите, а досегашната штета се проценува на стотици милиони долари.
Последен пат пообилни поплави во кина се случија в 1998 година, кога настрадаа 4.150 луѓе.
OhridNews