Во централниот дел на Хрватска денеска е прогласена вонредна состојба поради висок водостој на реките Корана и Купа.
Како што јавуваат медиумите од регионот, најкритична е ситуацијата во Карловац, каде во последните 24 часа паднале 62 литри дожд на метар квадратен. Во критичните населби се спроведуваат активности за евакуација на болните и неподвижни луѓе.
Исто така, поплави има и во подрачјето на Дубровник, каде се поплавени 50 куќи, а полицијата и пожарникарите спасуваат луѓе заробени од надојдената вода.
Поројни дождови ја зафатија и БиХ, каде значително се зголемени водостоите на реките Сана, Сава, Врбас и Уна.
Босанските медиумите информираат дека во Бихаќ, Цазин, Велика Кладуша,Сански мост, Бужим и Босанска Крупа, поплавени се повеќе патишта, станбени објекти и земјоделски површини.
OhridNews