Обилните врнежи од дожд и топењето на снегот предизвикаа покачување на подземните води во с.Пештани каде се поплавени подрумите на повеќе индивидуални станбени згради кои се наоѓаат во непосредна близина до езерото.

Опасност од слични поплави има и во други населени места, укажуваат надлежните институции кои се постојано на терен и ја следат состојбата.

И натаму водостојот на Охридското Езеро е десетена сантиметри повисок од максимално утврдената кота. Моментно на испусната рампа кај хотел Дрим отворени се 5,5 порти со капацитет од 50 до 52 м3/сек. Низводно по течението на реката Дрим до браната Глобочица зголемен е дотокот на водите на реките Беличка, Вевчанска, Јабланичка, Пискупштинска, Присовјанска, Голема река како и старото корито на реката Сатеска во кое се слеваат каналите од потегот на дел од Струшко поле, со што во поголема мера доаѓа и до зголемување на водостојот на Глобочичкото Езеро.

Ohridnews