Околу илјада објекти во централните и источните делови на Словенија викендов се под вода, а активирани се повеќе од 240 клизишта, објави словенечката служба за заштита и спасување. Едно лице почина, а по второто што се наоѓало во возилото што го повлекла надојдената река, се трага. Заради поплавите биле евакуирани 17 лица.
Водостојот на реките денес стагнира, но е прогласена „црвена“ тревога на сливот на реката Крка, чии притоки и денеска растат, додека ситуацијата долж брегот на Драва и Мура се смирува. Заради клизиштата, напукнатиот асфалт или вода вон промет се голем број магистрални и локални патишта во источниот дел на земјата.
Деновиве поплавени се и подрачја во Хрватска и Босна и Херцеговина.
OhridNews
извор Макфакс