РЦУК Охрид известува дека преку Единствениот повикувачки број 112 за итни случаи во 21:27 часот синоќа, била добиена пријава од станари дека поради поројниот дожд и проблем со фекалната канализација се поплавил влез во зграда на ул.„Карпош Војвода“.

За ова веднаш е известена ЈП „Нискоградба“ -Охрид и лице за контак од Кризниот штаб на Општина Охрид за понатамошна постапка, информираат од ЦУК.

OhridNews