Сопственикот на ресторанот во градот Хиангфану во Кина размислувал да го затвори ресторанот откако обилните дождови го поплавиле и скоро го уништиле. Но гостите едноставно уживаат да ручаат со нозете во вода.


Веста за поплавениот ресторан се проширила како молња, а келнерките од тогаш работаат со полна пареа.

– Ова е многу интересно и мене многу ми се допаѓа. Не само поради температурата туку и поради начинот на ручање – вели еден гостин од ресторанот.