Попладнево во 16 часот, на иницијатива на претседателот на државата Стево Пендаровски, ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на која покрај членовите ќе присуствуваат и министерот за здравство и првиот човек на Генералштабот на армијата.
Како што е најавено, на состанокот ќе се разговара за состојбата со корона вирусот, како и за сите мерки коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата.
Во однос на претстојните избори, претседателот смета дека треба да биде разгледана и можноста за нивно одлагање.
OhridNews