До вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално е можна појава на невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Стабилизација на времето се очекува во среда и четврток кога дневните температури ќе бидат во пораст.

Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во вечерните часови кај поголем број на луѓе можна е сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.

OhridNews