Денес  во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во понеделник попладне и во вторник се очекува поинтензивен развој на нестабилна облачност со пообилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер, на места и во форма на невреме. Во вторник се очекува позначително опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидометеоролошки работи..

Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во утринските часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во попладневните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.

OhridNews