Пописот на населението и домаќинствата, најавен за април, се одлага за октомври.

Причина за одлагањето на пописот е се поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, а проблем предизикаа и поделбите во Државната пописна комисија.

Предлогот за одложување на Пописот е на пратениците Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ  и Тахир Хани од ДУИ, кои до Собранието доставија предлог за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, кој денес ќе се наје пред пратениците.

OhridNews