Попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо велат во денешното соопштение од Државниот завод за статистика.
Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок, велат од ДСЗ.
Додваат дека зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем.
OhridNews