Процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, со што заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, попишани се 308 551 лице, откако во текот на изминатите три дена се од Државниот завод за статистика информираа дека се соочуваат со технички проблеми и се прават усогласувања за надминување на истите.Само вчера биле попишани 114 308 лица.
Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за попис ,на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk, се наведува во соопштението на ДЗС.
Од таму посочуваат дела попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги примат во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.
OhridNews