Во Шри Ланка, островска земја во Азија, започнале пребројување на слоновите кои живеат во дивина, пренеле американските медиуми. Околу 4000 волонтери и активисти се сместиле на повеќе од 1500 локации како по прв пат би направиле попис на популацијата на слоновите која видно опаѓа во таа земја.
Одлуката за пребројување на слоновите во дивина ја донела канцеларијата за заштита на диви животни со цел владата на Шри Ланка итно да преземе мерки за заштита на дивите слонови. Некои групи за заштита на животните, меѓутоа, сметаат дека ваквиот потег е само параван за незаконското ловење на животните поради нивните коски, кои се користат за изработка на накит и други украсни предмети.