Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се спроведе од 1 до 15 април 2011 година. Државниот завод за статистика интензивно работи на подготовките за пописот кој ќе биде спроведен со истите методи што беа применети и во 2002 година.

Во пописот се очекува да бидат вклучени околу 20 илјади учесници од кои најголем дел ќе бидат ангажирани за време на самото попишување. Првите податоци за вкупниот број попишано насление на ниво на општини ќе бидат готови во рок од 60 дена, додека дефинитивните детални податоци се очекува да бидат публикувани најдоцна до јули 2012 година. Претстојниот попис, според проценките на ДЗС, ќе чини околу 14 милиони евра.

OhridNews