Морнарот попај денес полни 85 години. Како што пренесуваат електронските медиуми, Попај на светот му се претставил на денешен ден 1929 година во стрипот “Thimble Theatre” кој го осмислил американскиот цртач Елзи Крајслер Сигар. попај набрзо станал толку популарен што стрипот почнал да го носи неговото име. многу брзо добил и своја екранизација, па помеѓу 1933 и 1957 година биле направени 230 кратки и три долги анимирани филмови за Попај. До 1988 бројот на цртани пораснал на 638. Филмска верзија добил во 1980 година, во режија на Роберт Алтман. Попај тогаш го играл Робин Вилијамс, а Олива Шели Дувал.

Интересно е дека во САД со популарноста на Попај растела и популарноста на спанаќот кој е извор на неговата сила. Спанаќот, меѓутоа, не бил првобитен извор на силата. Во првите три години Попај сила добивал триејќи ја главата од кокошката Бернис. Исто ака Џек Мерсер во 1935 година станал гласот на Попај и таа работа ја работел повеќе од 40 години. Од 1938 до 1942 бил во брак со Марџи Хајнс која својот глас го позајмила на Олива. Попај е прв лик од цртаните на кој му е изграден споменик и тоа во Кристал Сити во Тексас во 1937 година. Емпајр Стејт Билдинг во 2004 светел зелено како би го пославил 75. роденен на овој јунак.