Симпатичниот анимиран лик Попај Морнарот за прв пат се појавил во стрипот “Thimble Theatre” на 17 јануари 1929 година, а го измислил американскиот цртач Елзи Крислер Сегар. Тој го вовел Попај како нов лик во својот, тогаш веќе една деценија стар стрип. Попај е морнар со истетовирани сидра на подлактиците и луле во устата, кое е негов заштитен знак.
Негов главен антагонист е Дибек, кој се обидува да ја освои девојката на Попај, Олива. Најпознат е по тоа што кога ќе изеде спанаќ, добива огромна сила со чија помош успева да го совлада Дибек.