По поразот од Металург 2 во Скопје и ремито со Работнички пред своите гледачи охридските ракометари на мечот со Прилеп немаат право на грешка.
Натпреварот со прилепските ракометари во десеттата рунда од Супер лигата покрај што е значен за понатамошниот тек на првенството ќе биде и емотивен поради јубилејниот 25-ти роденден на „Рибарите“.
– Бодовите од овој натпревар се значајни за клубот, за моментална ситуација во него и за 25 годишниот роденден на „Рибарите“ кои на големо и долго се подготвуваат. Многу ми е мило што имаме таква навивачка група и што самите ние ќе бидиме сведоци и актери на спектаклот, кој ќе се случи в сабота – рече пивотменот Атанас Поп-Стефанија.
Првиот меч меѓу овие две екипи одигран во Прилеп заврши без победник 23-23, сега „пикерот“ Поп-Стефанија најавува друг исход на крајот од дуелот.
– Носени од „Рибарите“ ние можиме да победиме секого. Во многу случаи сме биле сведоци на тавко нешто, а нивниот јубилеј треба да биде само поттик за гинење на теренот и освојување на сите бодови – додаде Поп-Стефанија.
По девет одиграни натпревари охридските ракометари имаат 14 бодови и се наоѓаат на петтата позиција додека противникот додека прилепчани со 16 поени ја заземаат третата позиција.
Мх.П.