– Јас погодив за реми против Пелистер, а погодок им го посветувам на екипата и блиските – рече Атанас Поп-Стефанија и додаде – Можеше да биде и поинаку, но, и бод против Пелистер не е мал успех. Не се штедевме, изигиравме со срце за Охрид, изгинавме за секоја топка, а публиката како и секогаш го препозна тоа и даде голем придонес за ова реми.
Во целиот тек од мечот Поп-Стефанија беше на висина од задачата и со бековите Димитриовски и Соколов беа ударната игла на охридскиот напад.
Мх.П.