Викендов  во Охрид во организација на Едриличарскиот клуб АМАК СП БОФОР и ЕДРИЛИЧАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА се одржа Државното првенство во едрење  во класата ОПТИМИСТ за јуниори и јуниорки  до 12 години.


Временските услови беа наклонети па покрај меѓусебната борба едриличарите се бореа и со ветерот со јачина до 5 бофори.


На првенството учествуваа Едриличарските клубови СНЕГАР-Струга, СТРМЕЦ- Охрид и домаќинот АМАК СП БОФОР-Охрид со 17 едиличари.

На стандардно регатно поле се возеа четири трки.

Државен првак за 2008 година  е Дамјан Поп-Стефанија од АМАК СП БОФОР  кој првото место го осигура со две први, едно второ и едно четврто место

Резултати:

Момчиња
1. Дамјан Поп-Стефанија          АМАК СП БОФОР
2. Александар Димески              АМАК СП БОФОР
3. Новица Велјаноски                СТРМЕЦ

Во женска конкуренција државен првак е Бојана Радеска од СТРМЕЦ.

Девојчиња:

1. Бојана Радеска         СТРМЕЦ
2. Ема Ошавков              АМАК СП БОФОР
3. Теодора Јанковска   СНЕГАР

ohridnews