На првенството учествуваа 21 едриличар од три клуба и тоа двата охридски ЕК АМАК СП – БОФОР и ЕК СТРМЕЦ и клубот домакин ЕК СНЕГАР од Струга.
Во одлични временски услови и поволен ветар за едрење беа одржани вкупно 4 трки за класата Отимист и вкупно пет трки за класата Европа.
Во класата Оптимист-генерален пласман во конкуренција од 16 едриличари, титулата државен првак ја одбрани минатогодишниот победник Димитар Поп – Стефанија од ЕК СТРМЕЦ – Охрид, второто место го освои Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР- Струга, а трета беше Елена Ставреска од ЕК АМАК СП- БОФОР- Охрид.
Во женска категорија најдобра беше Елена Ставреска од ЕК АМАК СП-БОФОР- Охрид, второто место го освои Марија Мукоска од ЕК СЕГАР- Струга, а третото место и припадна на Габриеа Попоска од истиот клуб.
Во класата Европа, првото место го освои Кирил Мирчески од ЕК СЕГАР- Струга, второпласиран беше Димитар Чаторошкоски од истиот клуб,а трет Димитар Манчев од ЕК СТРМЕЦ – Охрид
Во периодот што следи едриличарите имаат повеќе настапи на меѓународен план.
Следниот викенд заминуваат на регата во Бела Црква, Р. Србија, потоа следи настапот на една од најмаcовните регати за Оптимист Optiweek во Р.Турција, додека на 04.јули 2009 год. наши репрезентативци заминуваат за Пиран, Словенија каде ќе ја претставуваат Македонија на Европското Првенство за Оптимист.